Во денешно време се повеќе жени се одлучуваат да останат сингл, а експертите ги објаснуваат нивните причини.
„Постои едноставна, но значајна промена кога станува збор за врските: жените сфаќаат дека заштитата на нивниот мир е приоритет број еден“, изјави експертот за односи Даниеле Сетела за Дејли Меил .
Таа додаде дека жените се плашат да не се изгубат во врските, или браковите кои ги задушуваат. Тие избираат мир наместо хаос и емоционална сигурност наместо привидна поврзаност.
“Тие не чекаат љубовта да ги исполни. Тие ја штитат нивната целина за која толку се бореле. За денешната жена да се биде сингл не е неуспех – тоа е форма на самољубие”, објаснила таа.
Експертот за врски Бритни ЛаБонте изјавила дека постои голема разлика помеѓу „да се биде сам“ и „да се биде осамен“.
„Всушност, сингл животот може да биде моќен, исполнет и искрено радосен. Ако сте сингл, не дозволувајте некој да ве натера да се чувствувате како да пропуштате“, додаде таа.
Се смета дека треба целосно да се реализирате како личност пред да започнете врска.