Зошто треба да си купувате цвеќе? Психотерапевт пристапил кон песната на Мајли Сајрус од медицинска перспектива

Во рефренот на популарна песна од пејачката Мајли Сајрус, таа истакнува дека може да си купи цвеќе, а психотерапевтот Марко Јовашевиќ открива дека, меѓу другото, ова може да претставува добро поставување граници.

Пејачката Мајли Сајрус крена голема прашина со најновата песна „Flowers“ , во која испрати важна порака.

Таа во својата песна истакна дека, колку и да боли раскинувањето, сепак повеќе се сака себеси и дека може да прави многу работи сама, како на пример „да си купувам цвеќе“.

Психотерапевтот д-р Марко Јовашевиќ пристапил кон оваа метафора од професионална гледна точка, објаснувајќи зошто треба да си купиме цвеќе:

– Така човекот учи да се почитува себеси и да биде независен.

– Нашиот мозок го „сака“ негативното, па затоа честопати мора да му се заблагодариме со награди. Понекогаш тоа е симбол на излегување од токсична врска , нов почеток и обработено искуство.

– Понекогаш ова се добро поставени граници, пред сè кон себе.

– А Библијата вели „Љуби го ближниот свој како себеси“. Често забораваме дека „да се биде себеси“ е предуслов за љубов кон секого или кон нешто – вели д-р Јовашевиќ.