Зошто треба да јадете најмалку 60 грама бадеми дневно

Ново истражување тврди дека јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да ве заштити од оштетување на ДНК и оксидативен стрес – едни од тивките виновници за стареење, воспаление и хронични заболувања.

Во неодамнешен систематски преглед објавен во списанието „Scientific Reports“, истражувачите собрале и анализирале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на консумирањето бадеми кај возрасните.

Прегледот ги спои резултатите од осум одделни клинички испитувања за да се процени како суплементацијата со бадеми влијае врз оксидативниот стрес. Тоа е процес поврзан со воспаление, стареење и хронични заболувања.

Истражувачите забележале јасна врска зависна од дозата: учесниците кои консумирале повеќе од 60 грама бадеми дневно покажале значително намалување на одредени маркери на оштетување на клетките.

Прегледот, исто така, покажа дека внесувањето бадеми може да ја подобри активноста на антиоксидантните ензими, особено супероксид дисмутазата (SOD), важен ензим кој ги штити клетките од оштетување.

60 грама бадеми значат нешто како две големи шаки. Ова може да изгледа како многу, но од друга страна, врз основа на истражувањата, таквата количина всушност може да обезбеди заштитни придобивки од оштетување на ДНК и оксидативен стрес – едни од тивките виновници за стареење, воспаление и хронични заболувања.

Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ова е висококалорична храна и треба да се консумира умерено. Затоа, тие нагласуваат дека консумирањето бадеми е дел од балансирана исхрана, а не како додаток на калориите што веќе се внесуваат од други намирници.

Бадемите се богати со витамин Е, полифеноли и здрави масти, кои придонесуваат за нивните антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти. Прегледот го истакнува нивниот потенцијал како природен начин за борба против стресот на клеточно ниво. Сепак, авторите на студијата ја нагласуваат потребата од постандардизирани студии, бидејќи варијабилноста во резултатите била под влијание на неколку фактори, како што се начинот на подготовка на бадемите, здравствената состојба на учесниците и други навики во исхраната.