Зошто треба да јадете семки од сончоглед?

Семките од сончоглед содржат витамини Е, Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, калиум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар, манган, селен и се богати со растителни влакна и здрави масти вклучително и линоленска киселина и фитохемикалии кои вклучуваат бетаин, фенолна киселина, холин, аргинин и лигнани.

Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и создава нови.

Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.

Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната.

Изобилуваат со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.

Семките од сончоглед се богати со фитостероли кои ја блокираат апсорпцијата на холестеролот во телото. Многу студии покажуваат дека ова го поддржува здравото ниво на холестерол.

Семките од сончоглед не се само богати со витамини и минерали кои го подобруваат расположението, тие се богати со аминокиселина триптофан. Триптофанот е неопходен за производство на серотонин во телото.