Зошто Урсула фон дер Лајен не се сретна со Христијан Мицкоски!?

Од Скопје ја започна турнејата на Западен Балкан претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен. Како што е најавено од Брисел, за време на посетата на главните градови на Западен Балкан, претседателката на Европската комисија ќе ја претстави Инвестициската рамка за Западен Балкан, која е заедничка иницијатива на Европската Унија, финансиските институции и донаторите, насочена кон социо-економскиот развој и европската перспектива на земјите на Западен Балкан.

На денешната заедничка прес конференција која ја имаше со Премиерот Ковачевски до Претседателката Лајен беше поставено новинарско прашање: Зошто претседателката нема да оствари средба со лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, кој пртставува клучен играч во процесот на уставните измени. На прашањето, Урсула Фон дер Лајен одговори:
-Каде и да сум обично се среќавам со шефот на државата или со шефот на владата. Тоа е случај со сите мои патувања, вклучително и сега.
Така ќе биде и во Приштина, каде Фон дер Лајен ќе ја продолжи балкансаката турнеја уште денес, а потоа и во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.