Зурита ќе биде претседателски кандидат во Еквадор наместо убиениот претседателски кандидат Виљависенсио
– Политичката партија на убиениот претседателски кандидат во Еквадор, Фернандо Виљависенсио, го избра денеска вториот кандидат како замена, новинарот Кристијан Зурита, наместо Андреа Гонзалес, кој го предложија за замена ден претходно.
Претставници на партијата на прес-конференцијата соопштија дека одлучиле Зурита да го замени убиениот 59-годишен Виљависенсио, кој беше кандидат за претседател на изборите што ќе се одржат на 20 август.
Зурита исто така е новинар и соработувал со Вилависенсио, а неговата кандидатура допрва треба да биде одобрена од Националниот изборен совет. Тој рече дека нема да преговара со ниту една мафија.
Партијата во саботата соопшти дека нејзин резервен кандидат ќе биде Андреа Гонзалес, еколошки активист.
Партијата на убиениот еквадорски политичар го претстави новиот претседателски кандидат, облечен во панцир на презентацијата.
Шест колумбиски државјани се обвинети за убиството и се во притвор, а полицијата ги обвини за врски со криминални групи.
Убиството на Вилависенсио се случи 10 дена пред првиот круг од претседателските избори закажани за 20 август.