Ибрахимовиќ ја однел сопругата да купи ново Ферари, неговата цена ќе изненади многумина (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ добро се почасти пред натпреварот од Лигата на шампионите.

Ден пред европското и градското дерби меѓу Милан и Интер во Лигата на шампионите,  Златан Ибрахимовиќ се почасти со ново скапо лимено милениче.

Веројатно не очекуваше неговиот Милан да загуби од Интер во полуфиналето, но за утеха може да погледне во својата гаража каде од вчера нов жител е Ferrari Daytona SP3.

Интересно, Ибра и неговата сопруга Хелен пристигнаа на саемот за автомобили во Милано со нивното златно Ferrari SF90 Spider вреден неверојатни два милиони евра.

Новата играчка Ибра е произведена во само 599 примероци. До 100 km/h достигнува за само 2,85 секунди, а 200 km/h за 7,4 секунди. Максималната брзина што може да ја развие е дури 340 километри на час.