Ивана Кнол има конкуренција: Италијанска навивачка полугола го гледаше финалето на Лигата на шампионите
Финалниот натпревар од Лигата на шампионите на стадионот Ататурк во Истанбул го следеа десетици илјади навивачи, но и инфлуенсери кои станаа незаменливи на трибините на спортските настани.
Но, овој меч не можеше да помине без Ивана Кнол, која мечот меѓу Манчестер и Интер го следеше облечена во минијатурен дрес со хрватски симболи.
Но, се чини дека најпознатата навивачка доби некоја опасна конкуренција.
Вниманието на фотографот го украла Паула Саулино, Италијанка и навивачка на Наполи. Иако нејзиниот клуб не беше во финалето, тоа не ја спречи да гостува во Истанбул. Таа на својот Инстаграм профил ги покажа фотографиите од натпреварот.
Пола носеше мини здолниште и горен дел од костим за капење, а исто како и Нол, луѓето ја исмејуваа затоа што се облекува несоодветно.
„Твојот градник се бори повеќе од Ачерби со Халанд“, „Класична облека за појавување на турски стадион“, „Полесно ќе дојдеше гол“, „Ова е очајно и премногу фотошопирано“, продолжија коментарите.
Инаку, за оваа инфлуенсерка претходно пишуваше и Ролинг Стоун, на кого му кажа дека порано работела како танчерка во ноќните клубови во Лос Анџелес.