Камерите снимија интимен момент помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јелена по неговата победа

По победата на Новак Ѓоковиќ и освојувањето на Отвореното првенство на Франција, камерите ја снимија неговата прегратка и бакнеж на трибините со неговата сопруга Јелена.

Имено, Ѓоковиќ вчера ја испиша историјата на тенисот по победата над Каспер Руд во своето 34-то финале на турнирите од грен слем категоријата и ја освои 23-та Грен слем титула во кариерата.

Како и речиси секој пат, неговата сопруга Јелена го следеше неговиот меч од трибините, а Новак по големата победа истрча до сопругата која го бакна и прегрна. Овој интимен момент го привлече вниманието на многумина, а камерите го снимија.

Новак секогаш ја истакнува големата поддршка од сопругата, која ја познава уште од тинејџерските денови, а во една прилика кажа и колку таа навистина му значи.

“Ме освои со насмевката на прв поглед. Секако, изгледот секогаш е на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех бидејќи знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запознала кога имал 17 години“, рече тој.

Јелена и Новак се во брак од 2014 година, а заедно имаат две деца.