Ивана Кораб го покажа синот! Манекенката се породи пред 17 дена, а сега го откри неговото име! (фото)
Ивана Кораб (37) на почетокот на месецот роди уште едно момче и по вторпат стана мајка, а сега за првпат го покажа наследникот и го откри името што му го даде.
Ивана и нејзиниот мистериозен сопруг едвај го дочекаа новото доаѓање. Манекенката сега објави и фотографија од вториот наследник кој неодамна наполни еден месец и откри какво име го избрала за него. Таа го фотографирала малиот како ужива во нејзиниот скут, а наследникот се вика Ноа, а името е извезено дури и на неговиот костум.
НОА
Ова име потекнува од древниот хебрејски јазик и може да значи неколку работи – спасител, парче што недостасува и некој што ќе пружи утеха. Се верува дека ова име го носат стабилни и мирни луѓе, кои носат позитивни промени на сите околу нив.
Да потсетиме, пред две години се оствари една голема желба и Ивана и нејзиниот партнер – станаа родители, но тој пат не беше лесен. Синот Матео го добила од третиот обид, бидејќи претходните два не биле успешни односно имала комплилации во бременоста.