Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Париз, Игор Николов, ги предаде своите акредитиви на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Со ова официјално започна неговиот дипломатски мандат во Париз, со цел унапредување на билатералните односи, зајакнување на соработката и продлабочување на партнерството меѓу двете земји, соопшти Француската амбасада во Скопјe.
Македонија долго време нема амбасадор во Франција поради блокадата што Антонио Милошоски, како претседател на Комисијата за надворешна политика, ја спроведе врз амбасадорските позиции. Последен што замина во Париз беше поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, но одлуката за негово назначување во март 2022 година беше повлечена.
Николов е практично првиот амбасадор назначен од владата на ВМРО-ДПМНЕ откако таа дојде на власт.
Николов нема дипломатско искуство, а неговиот единствен контакт со дипломатијата е тоа што бил неформален советник во Француската амбасада во Скопје и советник на премиерот Христијан Мицкоски, исто така за здравство.
Николов е нефролог, а во неговата биографија објавена на веб-страницата на Медицинскиот факултет се наведува дека имал стручен и научен престој во болницата „Некер“ во Париз, во лабораторијата на Клиниката за нефрологија. Во 2009 година, ги завршил докторските студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Пјер и Марија Кири“ во Париз.