Играч кој вредеше 80 милиони евра пред три години ја напушта Барселона за ситница

Младиот шпански напаѓач Ансу Фати (22) е еден од првите фудбалери на кои Ханси Флик му соопштил дека повеќе не е во неговите планови и дека може да ја напушти Барселона, а веќе се појавуваат шпекулации за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.

Не се очекува дека ќе има проблем со наоѓање нов клуб бидејќи минатата сезона ја помина на позајмица во Брајтон.

По неговото враќање во Барселона, германскиот тренер одлучи да го задржи во играчкиот состав, главно поради неговите солидни настапи во подготвителниот период.

Сепак, тој не успеа да се етаблира и да го оправда иконскиот број 10 на грбот што го наследи од Лео Меси и плата од околу 14 милиони евра годишно.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1925836568121561327

Фати сега е на пат да го напушти клубот, а Севиља, Бетис и Реал Сосиедад покажуваат најголем интерес да го доведат.

Монако исто така го сака напаѓачот што е можно поскоро и е подготвен да ѝ понуди на Барселона помеѓу 5 и 10 милиони евра.

Патем, пред три години, „Трансфермаркт“ го процени Фати на 80 милиони евра, а денес тој вреди 10 милиони евра.