Идеален за денови на пост: Храна која е многу хранлива, дава енергија и го намалува апетитот

Посна храна, која за време на постот е повеќе од пожелно да се најде на вашата трпеза е маслинката.

Оваа храна е одлична за мозокот, дава енергија, помага при запек, го намалува апетитот и има многу други здравствени придобивки .

Ја подобруваат меморијата

Маслинките содржат полифеноли, супстанции кои го намалуваат оксидативниот стрес во мозокот. Многу истражувања спроведени во Америка покажуваат дека секојдневното консумирање маслинки ја подобрува меморијата за дури 25 проценти.

Тие даваат енергија

Една чаша маслинки содржи 4,4 мг железо. Железото помага во синтезата на карнитин, аминокиселина која ги трансформира мастите во енергија. Покрај тоа, железото го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Ги намалуваат брчките

Маслинките ги намалуваат брчките за 20%, бидејќи содржат олеинска киселина. Оваа мононезаситена Омега-9 масна киселина ја одржува кожата мека и здрава. Маслинките содржат и витамин Е, кој го подобрува здравјето на кожата.

Го намалуваат апетитот

Студијата спроведена во Италија покажува дека консумирањето 10 маслинки после секој оброк го намалува апетитот за 22 отсто. Мононезаситените масни киселини кои се наоѓаат во маслинките го забавуваат варењето и го стимулираат хормонот холецистокинин, кој е одговорен за испраќање пораки до мозокот дека телото е полно.

Овие масни киселини го стимулираат и лачењето на адипонектин, супстанца која ги согорува мастите 5 часа по нивното внесување во организмот, што ги прави маслинките идеални за луѓе кои сакаат да одржат витка линија.

Тие се добри за срцето

Поради содржината на масни киселини, маслинките го регулираат нивото на холестерол и триглицериди, спречувајќи ги овие штетни материи да се таложат во крвните садови.

На овој начин маслинките ги штитат и зајакнуваат артериите, а спречуваат и појава на многу здравствени проблеми поврзани со кардиоваскуларниот систем.

Помага при запек

За луѓето кои имаат проблеми со запек, се препорачува да консумираат маслинки бидејќи се богати со влакна.

Тие го намалуваат воспалението и болката

Поради присуството на антиоксиданси, маслинките делуваат како средство за ублажување на болката и намалување на воспалителните процеси во организмот.

Ги намалуваат алергиите

Вклучете ги маслинките во вашата секојдневна исхрана, бидејќи на овој начин можете да ја зголемите отпорноста на организмот на разни алергии, или да ги ублажите нивните симптоми.

Ги штитат очите

Една шолја маслинки ја содржи препорачаната дневна доза на витамин А, кој е неопходен за зачувување на здравјето на очите и за подобар вид, особено ноќен вид.

Маслинките штитат од појава на глауком, катаракта и други очни болести кои се јавуваат во староста.