Стапчињата за пица се едноставна закуска што се подготвува брзо и бара минимални состојки. Одлични за вечерни собири, без разлика дали се со семејството или пријателите.
Лесни се за подготовка, а комбинацијата од стопено сирење, благ доматен сос и крцкаво тесто гарантира големо уживање.
Состојки:
- 1 пакетче лиснато тесто
- 100 г рендано сирење (моцарела, гауда или мешавина)
- 100 г салама
- 2 лажици доматен сос или кечап
- Суви зачини по вкус (оригано, босилек, лук во прав)
- 1 жолчка од јајце за премачкување
- Подготовка:
Лиснатото тесто расукајте го на набрашнета површина. Рамномерно распоредете лажици доматен сос или кечап по целата површина. Потоа наросете со рендано сирење по ваш избор и врз сирењето наредете ситно рендана салама.
Додадете сушени зачини по вкус, како што се оригано, босилек и лук во прав, за да го подобрите вкусот. Потоа, внимателно исечете го тестото на ленти широки околу два сантиметри.
Можете нежно да ја извиткате секоја лента или да ја оставите рамна, а потоа да ги премачкате со жолчка од јајце за да добијат убава златна боја при печење.
Печете ги стапчињата за пица во претходно загреана рерна на 200°C околу 12 до 15 минути, додека не добијат крцкава и златно-кафеава кора.
Сервирајте топло како совршена ужина со филм, серија или игра. Уживајте!