Велигденскиот пост трае долго, па затоа и денес ви нудиме брз рецепт за ручек. Овојпат, доколку веќе сакавте ќофтиња, особено во сос од домати, кои можете да ги послужите со шпагети, ориз или пире од компири, ја имаме идеалната вегетаријанска верзија.
Наместо од месо, смесата се подготвува од – печурки и грав.
Состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 мал кромид, исечкан на коцки
- 2 чешниња лук, исечени на коцки
- 250 гр шампињони исчистени и исечкани
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка оригано
- 1/2 лажичка црн пипер
- 1/2 лажичка чили снегулки
- 400 гр (или 1 конзерва) бел грав, сварен и исцеден
- сок од 1 лимон
- 2 лажици свеж магдонос, сечкан
- 1 + 1/4 чаша презла
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете плех со хартија за печење.
Загрејте голема тава на средна топлина, додадете маслиново масло и кромид и пржете пет минути. Потоа додадете го лукот и печурките и динстајте уште две минути. Измешајте ги ориганото, солта, биберот и чили снегулките. Потоа додадете го белиот грав и сокот од лимон и сè добро измешајте додека смесата се крчка уште една минута.
Истурете ја смесата од печурки и грав во процесор за храна и пулсирајте додека смесата не се соедини. Истурете го магдоносот и една шолја презла, па пулсирајте уште неколку пати додека сè добро не се измеша. Оставете ја смесата да отстои околу пет минути за презлата да ја впие целата преостаната течност од печурките и гравот.
Во меѓувреме, во посебен сад измешајте ја преостанатата четвртина шолја презла, половина лажичка сол и прстофат бибер, малку чили снегулки и магдонос.
Извадете една лажица од смесата за ќофтиња и формирајте топка во рацете, а потоа се тркалаат во сад со зачинета презла и се ставаат на подготвениот плех. Повторете додека не се потроши целата смеса.
Печете ги ќофтињата во рерна 30 минути, а потоа превртете ги да поруменат рамномерно од другата страна, околу 20 дополнителни минути.
Во меѓувреме, ако сакате, можете да направите сос од домати или кој било друг сос по ваша желба. Кога ќе бидат готови ќофтињата, послужете ги со компири, тестенини или ориз, со или без сос, по желба.