Избегната нафтена војна, Венецуела нема да ја нападне Гвајана

Лидерите на Венецуела и Гвајана постигнаа историски договор, изјавувајќи дека нема да користат сила едни против други поради споровите за територијата богата со нафта.

По еднодневниот самит одржан на карипскиот остров Сент Винсент и Гренадини, двете земји рекоа дека спорот треба да го реши Меѓународниот суд на правдата.

Тие рекоа дека ќе бараат дипломатско решение со формирање заедничка комисија за решавање на ова чувствително прашање, известува cnn.

Мешовитата комисија ќе го вклучи министерот за надворешни работи и техничкиот персонал на секоја земја, а ќе објави ажурирања во рок од три месеци, пишува Телеграф.

Тензиите околу земјата богата со нафта се зголемија по референдумот во Венецуела на кој гласачите прифатија создавање на венецуелска држава во спорниот регион.

Гвајана го нарече потегот чекор кон анексија и закана за нејзиното постоење.

Овој чекор кон мирно решение на територијалниот спор е позитивно оценет од меѓународната заедница.

Инаку, следната средба меѓу овие две земји се очекува да биде во Бразил во наредните месеци.