Орбан, наводно, ја напуштил просторијата додека лидерите на ЕУ донеле одлука за отворање на пристапните преговори со Украина

На самитот на ЕУ во Брисел на 14 декември, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти салата додека лидерите на блокот ја донесоа одлуката за почеток на преговорите за пристапување на Украина.

„Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата додека лидерите ја донесоа одлуката за отворање на пристапните преговори со Украина“, изјавија тројца дипломати на ЕУ за „Гардијан“.

Шефот на унгарската влада, кој се спротивстави на одлуката на лидерите на ЕУ за европската интеграција на Украина, објави изјава на својот профил на социјалните мрежи во која го повтори ставот дека Украина наводно не е подготвена да започне преговори за членство во блокот.

Тој дури и одлуката на лидерите на ЕУ ја нарече „лоша“, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграфи.

„Членството на Украина во ЕУ е лоша одлука. Унгарија не сака да учествува во оваа лоша одлука“, напиша Орбан на својата Фејсбук страница.

Тој исто така додаде дека Унгарија одлучила 26 од 27-те земји-членки на ЕУ да можат „да одат по својот пат“, но Будимпешта останува на маргините на таквата одлука.

Инаку, лидерите на Европската унија се договорија да започнат разговори за членство на Украина во ЕУ.

Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој даде детали и за некои други земји.

Реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ова го опиша како „победа на Украина“ и „победа на цела Европа“, беше веднаш.

Победа која ве мотивира, инспирира и зајакнува“, напиша тој на социјалните мрежи.