Изби војна меѓу Франција и Италија! Емили е виновна за се, Макрон доби сериозно предупредување

Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери изјави дека таа е многу добро во Рим.

– Почитуван Емануел Макрон, не грижете се: Емили се чувствува многу добро во Рим – изјави градоначалникот Роберто Гуалтиери.

Гуалтиери додаде дека срцето не може да се контролира и дека на Емили треба да и се дозволи да избира.

Во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра актерката Лили Колинс, се преселила од Париз во Рим поради работа.

Макрон претходно се пошегува дека ќе се бори да се погрижи главниот лик од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.

– Ќе се бориме напорно (за тој да се врати). И ние ќе ги замолиме да останат во Париз! „Емили во Париз“ нема смисла во Рим – изјави Макрон за магазинот „Варајети“.

Емили во Париз

Серијата и донесе успех на Франција

Според него, оваа серија му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, што го направило Макрон, како што вели, „многу горд“.

Во интервју за римското издание на магазинот Холивуд Репортер, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс.

Гуалтиери додаде дека разговарал за коментарите на Макрон и со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и дека и двајцата се насмеале.

– Гледаме дека Емили се сели во Рим, што е потврда дека нашиот град станува се поважен и целосно сме опуштени околу одлуките на продукцијата на Нетфликс. Тие знаат што прават – рече Гуалтиери, додавајќи дека Макрон треба само да се опушти.