Избори/Црна Гора – ЦЕМИ: ПЕС 23 мандати, ДПС 21, девет од 15 листи влегуваат во парламентот

Првото место на вонредните парламентарни избори во Црна Гора го зазеде Движењето Европа сега (ПЕС), следува коалицијата околу Демократската партија на социјалистите (ДПС), покажуваат податоците на Мониторинг центарот (ЦЕМИ) врз основа на 99 отсто од обработениот примерок.

Движењето Европа сега, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ, освои 25,6 отсто од гласовите и, според ЦЕМИ, ќе има 23 мандати во парламентот.

Коалицијата „Заедно“ околу ДПС, предводена од вршителот на должноста претседател на партијата Данијел Живковиќ, освои 23,8 отсто од гласовите и ќе има 21 мандат. Во таа коалиција со ДПС се социјалдемократите (СД), Демократскиот сојуз на Албанците (ДУА) и Либералната партија (ЛП).

Третото место го зазеде коалицијата „За иднината на Црна Гора“ со 14,8 отсто од гласовите и ќе има 13 пратеници. Тој сојуз го сочинуваат тројца членови на Демократскиот фронт, Новата српска демократија (НОВА) на Андрија Мандиќ, Демократската народна партија (ДНП) на Милан Кнежевиќ и Работничката партија.

Коалицијата на Граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ, премиер во технички мандат и Демократска Црна Гора, Алексе Бечиќ, поранешен претседател на парламентот, освои 12,3 отсто од гласовите и ќе има 11 пратеници.

Според податоците на ЦЕМИ, во парламентот треба да влезе и коалицијата на Социјалистичката народна партија (СНП) и ДЕМОС, која доби 3,3 отсто од гласовите и три мандати.

Пратениците ќе имаат и четири малцински листи, Бошњачката партија (6,9 отсто од гласовите и шест мандати), Албанскиот форум (2,0 отсто и два мандата), Албанската алијанса (1,4 отсто и еден мандат) и Хрватската граѓанска иницијатива (0,6 проценти и еден мандат).

Според податоците на Мониторинг центарот, на гласање излегле 56,7 отсто од гласачите, значително помалку отколку на претходните црногорски избори одржани во последните седум години.

Според прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), врз основа на 100 отсто од обработениот примерок, Движењето Европа сега освои 26 отсто од гласовите, коалицијата „Заедно“ (ДПС-СД-ЛП-ДУА) 23 отсто , алијансата „За иднината на Црна Гора“ (НСД-ДНП) 15,1 отсто, а коалицијата на Бечиќ и Абазовиќ 13 отсто.

Според податоците на ЦДТ, Бошњачката партија има 6,8 отсто од гласовите, Албанскиот форум добил 1,7 отсто, Албанската алијанса 1,5 отсто, а Хрватската граѓанска иницијатива 0,7 отсто.