Над Сикстинската капела се појави бел чад, што значи дека 133-те кардинали што учествуваат на конклавата избраа нов папа!
По смртта на папата Франциск кон средината на април, беше закажан конклав кој започна на 7 мај, а сега е донесена одлука за новиот поглавар на Католичката црква.
Се очекува кардиналот Кевин Фарел, камерлењо на Светата столица, наскоро да го прочита името на новиот папа, кој доби поддршка од најмалку две третини од кардиналите кои учествуваа на конклавата.
Новиот папа ќе го избере и своето име, а вообичаено е да се избере име кое го носел еден од претходните водачи на Католичката црква.
Ова беше 76-ти конклав, воспоставен од Григориј X во 1274 година како систем за избор на нов папа.
Станува збор и за најбрзиот избор на нов папа во последните неколку конклави.