“ИЗБРИШАНИ ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА!“ – Се сеќавате ли на овој град кој беше опустошен и срамнет со земја од Русите ? Погледнете како изгледаше претходно и сега (видео)
Маринка е на околу 80 километри од Бахмут и е еден од шесте градови во регионот на Доњецк каде што се водат најжестоките борби во последните месеци. Првиот голем артилериски напад на Маринка се случи во јули 2014 година.
Пред руската инвазија, Маринка беше град на поделени лојалности, дел од населението беше наклонето кон Москва, а дел кон политиката на официјален Киев. Имаше речиси 10.000 жители, а сега е целосно уништен. Сите згради се срамнети со земја, без разлика дали станува збор за цивилни или воени објекти. Цивилите одамна го напуштија градот, а пред неколку дена руската армија објави фотографии направени со дрон на кои се гледа целосно уништениот град.
„Кога ќе го слушнете зборот „апокалипса“, што ви паѓа на ум ? Крај на светот, крај на животот, нешто страшно и неповратно, но тоа се случува сега“, стои покрај објавените фотографии на социјалната мрежа Телеграм.
Украинските медиуми објавија компаративна снимка од Маринка, на која се гледа како изгледал градот пред војната и во што се претворил по неколкумесечна војна.
„Маринка беше избришана од лицето на Земјата. Некогаш во него живееле 10.000 луѓе, а сега е само парцела и овде-онде неколку скелети од уништени згради“, напишаа во објавата на социјалната мрежа Твитер, Kyiv Independent.