Голем пожар избувна попладнево во складиште за старо железо во Куманово“, соопшти територијалната противпожарна служба Куманово.
Три противпожарни возила реагираа на пожарот попладнево.
„Во моментов пожарот е под контрола. На терен имаме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро ќе биде целосно изгаснат. Горат стари возила и сува трева“, изјави командантот на Противпожарната служба Куманово, Дејан Илиевски.