Избувна пожар во породилиште во Москва: Драма во руската престолнина, итно евакуирани 39 лица! „Краток спој… ќе се разгледуваат и други верзии“

Пожар избувна во породилиште во Москва!

Пожарот избувнал на 7-ми кат од болницата каде се сместени бактериолошката лабораторија и аптеката.

Се верува дека причина за пожарот во московското „Породилно 29“ е краток спој, пренесува ТАСС.

„ Краткиот спој во инсталациите се смета за една од причините за пожарот. Ќе се разгледуваат и други верзии”, рече изворот на агенцијата.

Пожарот зафатил површина од 50 метри квадратни.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, 39 лица се спасени од зачадената област, а нема жртви.

Пациентите се префрлени во соседната зграда на породилиштето.