Избувнува војна меѓу кралот Чарлс и принцот Вилијам: Таткото и синот повеќе не зборуваат, а ова е причината за кавгата
Според странските медиуми, тензијата во Бакингемската палата станува сè поизразена. Кралот Чарлс и неговиот најстар син, принцот Вилијам, наводно престанале да комуницираат. Според извори блиски до палатата, таткото и синот почнале да се оддалечуваат откако Вилијам јавно коментирал за воспитувањето, модернизацијата на монархијата и важноста на емоционалната отвореност.
Тој употребил зборови што длабоко го погодиле кралот, кој вообичаено е посветен на традицијата и должноста. Особено бил повреден од изјавата на Вилијам дека сакал да „изгради топла и безбедна семејна средина“ , што кралот го протолкувал како алузија на нивното комплицирано семејно минато. После тоа, врската станала постудена и подистанцирана.
„Кралот се чувствува поткопан, како неговиот син да го доведува во прашање неговиот авторитет и начинот на кој се води монархијата. Нивната комуникација е сведена на минимум, а односите се затегнати до степен на раскинување“, изјавил извор за британските медиуми.
Чарлс и Вилијам, истакнуваат упатените, се разликуваат не само по карактер, туку и идеолошки. Додека Чарлс ја гледа монархијата како симбол на стабилност и традиција, Вилијам сака да ја прилагоди на модерното време, да воведе помалку формалност, повеќе транспарентност, помалку симболика…
Патем, кралот Чарлс откри на почетокот на минатата година дека има рак и дека е на хемотерапија. Поради здравствени проблеми, тој е особено чувствителен на сè, вклучително и на зборовите на Вилијам, што би можел да го протолкува како недостаток на поддршка од неговиот наследник. Од друга страна, Вилијам верува дека чесноста и подготвеноста за промени се неопходни ако монархијата сака да преживее во наредните децении.
Останува да се види дали таткото и синот ќе успеат да го надминат овој идеолошки јаз или ова е почеток на уште една семејна расправија, пишува Story.hr.