– Турската полиција уапси изведувач кој се обидел да побегне од земјата откако зградата што ја градел се урнала во катастрофалниот земјотрес во Турција, јавија државните медиуми.
Во земјотресот се урнаа илјадници згради и загинаа илјадници луѓе ширум Турција, најмногу поради лошиот квалитет на градбите.
„Ronesans Residence“, блок луксузни апартмани во градот Антакија, го изградила компанијата на Мехмет Јашар Чошкун, кого полицијата го уапсила на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да побегне во Црна Гора, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на Анадолија.
Во 2013 година Турција воведе строги градежни прописи.