Лепа Брена беше најубавата и најпознатата пејачка на поранешна Југославија, а е една од ретките кои оставија свој белег и на музичката и на филмската сцена. Со своите пејачки способности, но и со својот необичен изглед, пленела каде и да се појави.
Но, имаше и такви кои немаа добро мислење за пејачките сметајќи ги за не толку паметни. Меѓу нив беше и познатиот писател, поет и новинар Душко Радовиќ.
Интересна приказна за средбата на познатата пејачка и легендарниот Душко Радовиќ беше откриена пред неколку години, во документарниот филм „Лепа Брена – години на сладок грев“.
Радио водителот и рок критичар Марко Јанковиќ во документарецот откри каква била средбата на Брена со Душко и дека Радовиќ бил тој што инсистирал да се сретне со Брена.
– Кога имаше пауза, Душко Радовиќ дојде кај мене и ме праша дали може да се сретне со Брена. Му кажав дека не е проблем, а потоа ги запознав – започна Марко.
-Тој ја подаде раката на Брена и и’ рече:
-„Здраво, јас сум Душко Радовиќ.”
-„Зошто се претставуваш, те познавам. Секое утро слушам „Белград, добро утро“, возврати Брена.
-„Дојдов кај тебе да се извинам, затоа што мислев дека си глупава“ – рече Јанковиќ.
– Не можев да поверувам што слушам! Душко беше маѓепсан од Брена и ѝ се извини само затоа што мислеше дека не е интелигентна – изјави Марко Јанковиќ во документарниот филм „Лепа Брена – години на сладок грев“.