Извлекоа живо бебе од под урнатините: Емотивна сцена во Газа по крвавиот напад: Починаа мајката и сестрата на девојчето (ВИДЕО)
Спасувачите во јужниот град Рафах во Газа вчера извлекоа живо девојче од урнатините по израелски воздушен напад.
Луѓето со раце ја ослободија Маријам Абу Акел од урнатините, пред спасителот да истрча со неа во блиската болница, каде што лекарите и’ ги средија повредите.
Бебето се криело во куќата со своето семејство кога се случил нападот, во кој биле убиени нејзината мајка и сестра, пренесе „Ројтерс“. Нејзиниот татко и младиот брат преживеале.
Најмалку 20 лица загинаа
Во воздушниот напад загинаа 20 лица, а 55 се повредени, според портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.
Повеќе од 21.500 луѓе – главно деца и жени – се убиени за време на израелските напади врз Газа, соопшти Министерството за здравство на Хамас. Се верува дека уште илјадници сè уште се под урнатините на зградите уништени од воздушни и артилериски напади.