Извршиле две кривични дела: Приведени напаѓачите на синот на премиерот на Република Српска

Мажи (28 и 36) од Белград се во притвор под сомнение дека го нападнале и се заканиле по безбедноста на синот на Радован Вишковиќ, кој ја извршува функцијата премиер на Република Српска, а конфликтот настанал поради песна во кафана во Нов Белград.

Пресметката се случила вчера час по полноќ.

Истрагата ја води Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Имено, младиот човек бил со своето обезбедување во кафана на приватна прослава на раѓањето на детето.

Во еден момент, еден од насилниците сакал да нарача песна, но лицата од обезбедувањето го предупредиле дека тоа е невозможно, бидејќи се работи за приватна прослава и побарале да го напушти локалот.

Но, откако биле исфрлени од локалот, осомничените се качиле во „БМВ“ и го чекале синот на премиерот на Република Српска и неговото обезбедување. Потоа со автомобилот тргнале кон нив. За среќа, тие не беа повредени.

По инцидентот тие побегнале, но полицијата набрзо ги уапсила.

По наредба на Третото основно јавно обвинителство, осомничените се приведени поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилно однесување“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“.