Натали Пријовиќ, финалистка на осмата сезона на музичкото натпреварување „Nikad nija kasno – Никогаш не е доцна“ се осврна на своето учество во споменатото шоу, а во таа прилика се осврна и на семејната трагедија што ја снајде.
Имено, сопругот на пејачката пред шест месеци извршил самоубиство, што за неа било голем удар, а како што самиот вели, сè уште не може да се опорави од тагата и шокот.
– Еве јас сум самa вечерва, Ненад требаше да биде тука до мене. Кога ја пеев песната во финалето бев многу нервозена, лута. Не сум го преболела и не знам дали ќе можам. Многу ми помогна шоуто, имав поинаков фокус на работите околу мене во мојот живот – заклучи таа.
Натали истакна дека еден од најубавите моменти на натпреварувањето и’ бил кога пеела со Милан Ѓорѓевиќ од групата „Neverne Bebe“.
– Не само во шоуто, туку мислам дека е и едно од најубавите спомени во животот, дует со Милан Ѓурѓевиќ. Тоа беше нешто безвременско, апсолутно феноменално. Имав можност да учествувам како гостин во неговото интервју. Човекот е неверојатен, тој е мојот идол на музички план – изјави таа.