Во општина Сопиште изгоре автобус на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Од Бригадата за противпожарна заштита во Скопје соопштија дека пожарот бил пријавен во 12:33 часот и дека со нивна интервенција бил целосно изгаснат и нема повредени.
Според пожарникарите, станува збор за автобус со број 58.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот избувнал додека автобусот се движел по кружниот тек на Сопиште.
Според полицијата на лице кое го вдишало чадот му била укажана прва помош на местото на настанот и нема други повреди.