Изгоре автомобилот на директорот на затворот на Идризова

Министерството за внатрешни работи соопштува дека синоќа изгоре службениот автомобил на директорот на затворот на Идризовo Зоран Јовановски.

„На 15.05.2024 година околу 03:35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје, пријавено е дека во околината на Кисела Вода, паркирано возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Затвор Идризовo, кое било паркирано од З.Ј

Во пожарот бил зафатен дел од фасадата на зградата и алат на балконите од долните катови. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада на Скопје и нема повредени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.