Изградбата на најголемата хидроелектрана во светот е во тек: Ќе ја забави Земјата и ќе ја покрие цела Кина

Кинескиот премиер Ли Чанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, која ќе биде лоцирана на источниот крај на Тибетската висорамнина.

Според официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа, вредноста на оваа хидроелектрана се проценува на околу 170 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Хидроелектраната, која ќе се состои од пет каскадни станици, ќе биде лоцирана во долниот тек на реката Јарлунг Жангбо и би можела да влијае на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.

Ли истакна дека ова е „проект на векот“ и дека посебен акцент мора да се стави на заштитата на животната средина со цел да се спречи оштетување на животната средина, соопшти кинеската агенција.

Се проценува дека браната ќе има капацитет од 300 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно и ќе ги покрие енергетските потреби на Тибет и остатокот од Кина.

Ова е речиси три пати повеќе од капацитетот од 88,2 милијарди kWh на најголемата хидроцентрала во светот, „Трите клисури“ во централна Кина. Таа хидроцентрала е толку огромна што ја забавила ротацијата на Земјата за 0,06 микросекунди.

Невладините организации, вклучувајќи ја и невладината организација Меѓународна кампања за Тибет, предупредуваат дека новата брана неповратно ќе ја оштети Тибетската висорамнина и дека милиони луѓе низводно ќе се соочат со „сериозни нарушувања во животот“.