Денеска попладне во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје.
Оваа вест одекна по социјалните мрежи па, освен роднините и пријателите на девојчињата, и многу јавни личности и Граѓански организации споделуваа слики и написи со цел масовно да се трага по девојчињата.
Познатата македонска актерка Елена Ристиќ беше една од првите кои алармираа за овој настан.
„Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките“, информира МВР.