СВР Охрид известува дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун.
Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.
Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.
„Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци“, велат од СВР Охрид.