Изненадувачки вести за бременоста по спонтан абортус: Не треба да чекате три месеци?

Студијата е објавена во списанието Obstetrics and Gynecology

Истражувањето на Јунис Кенеди Шрајвер од Националниот институт за детско здравје и развој (NICHD) сугерира дека обидот за зачнување во првите три месеци по спонтан абортус всушност може да ги зголеми шансите за здрава бременост.

Истражувачите набљудувале речиси 1.000 жени кои имале спонтани абортуси пред дваесеттата недела од бременоста и ги следеле во текот на шест последователни менструални циклуси (забележете дека ниту еден од спонтани абортуси во тие бремености не се должи на ектопична или моларна бременост).

Доколку жената забременила, истражувачите ја следеле до крајот на бременоста, било кога ќе завршила со абортус или со живо породување, пренесува Телеграфи.

Резултатите се интересни: 76 отсто од жените се обиделе да забременат во првите три месеци по спонтан абортус.

Тие жени имале 69 отсто шанси да забременат, во споредба со 51 отсто шанса за оние кои не се обиделе да забременат во првите три месеци.

Она што е уште поважно, 53 отсто од бременостите кои започнале во првиот триместар резултирале со живородени деца, во споредба со само 36 отсто од групата која чекала.

„Нашите податоци сугерираат дека некои жени кои се обидуваат повторно во рок од три месеци може да успеат толку брзо, ако не и побрзо, отколку оние кои чекаат три месеци или повеќе“, вели Енрике Шистерман, епидемиолог во NICHD и главен автор на студијата.