Холивудскиот актер Џорџ Клуни одлучи да се „повлече“ и јасно стави до знаење дека бркањето големи проекти повеќе не му е приоритет.
Клуни откри дека ќе направи пауза од глумата за да се фокусира на своите 8-годишни близнаци со својата сопруга, Амал, добро позната адвокатка за човекови права.
– Веќе не сум во тоа лудо брзање да бидам успешен. Ја имав мојата кариера на многу начини и работите некако се смирија, па сега можам многу да бидам дома со моите деца и тоа е навистина забавно. Сè уште сум доволно млад за да можам да трчам наоколу со нив. Тоа почнува брзо да исчезнува. Но, во моментов сè уште можам да го правам тоа. Значи, навистина се забавувам“, изјави Клуни за „Фокс Екстра“.
Клуни, кој зборуваше на премиерата на својот последен филм „Џеј Кели“ на Филмскиот фестивал во Њујорк, рече дека ја жртвувал изминатата деценија за да работи во Холивуд на сметка на своите деца и сопругата, Амал.
Ѕвездата од „Единаесеттемина на Оушн“, кој со сопругата Амал ги има 8-годишните близнаци Александар и Ела, рече:
„Дефинитивно не е само шоубизнис искуство. Веројатно ги имате истите разговори во речиси секоја професија: „Жалам што не ги пропуштив важните искуства на моите деца додека работев. Тоа е жртвата што ја правите за да успеете во која било работа.“