Изненадување за Драгана Мирковиќ! Децата ѝ приредија вистинско уживање по успешниот концерт во Италија (фото)
Драгана Мирковиќ неодамна по кратка пауза се врати на концертната турнеја „До последен здив“, а последен во низата настапи беше во Италија, по што синот Марко и ќерката Мануела и приредија изненадување и ја донесоа во Венеција.
Регионалната музичка ѕвезда не го криеше својот ентузијазам за овој гест, па престојот во еден од најубавите градови во светот го искористи за да ги посети знаменитостите, но и да го посети легендарното Биенале кое се одржува годинава. Својата радост ја сподели со следбениците на социјалните мрежи.
– Онаа кога по прекрасниот концерт Марко и Мануела ја носат мајка им во Венеција – напишала Драгана