Израелка ослободена при размена на заложници: Мојата мајка беше убиена од израелските сили

 – Израелката, која Хамас ја зеде како заложник на 7 октомври и која е ослободена во последната размена на заложници, истакна дека како резултат на огнот што израелските сили го отвориле врз возилото во кое се наоѓале, починала нејзината мајка, а таа била повредена.

Во интервјуто што го емитуваше израелскиот телевизиски канал „Канал 12“, израелската заложничка ја раскажа операцијата на бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, на 7 октомври.

Таа рече дека борците на бригадата Касам ги качиле на камион, врз кој израелската војска почнала да пука.

„Мојата драга мајка беше убиена. Јас бев ранета во грбот, а брат ми беше ранет во ногата“, рече таа.

Израелскиот телевизиски канал тврди дека израелската армија „отворила оган за да запре трактор што се движел кон Газа“.

Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади, според здравствените власти на Газа, загинати се најмалку 19.453 Палестинци, претежно деца и жени, а 52.286 се повредени.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува 1.200, а над 130 заложници сè уште се држат од палестинската група во Газа.