Израелската армија бомбардираше училиште во кое биле сместени раселените лица на северниот дел на Газа

Израелската армија бомбардираше училиште во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа во кое беа сместени раселените Палестинци.

Очевидци за Анадолу изјавија дека училиштето управувано од Агенцијата на ОН за бегалци на Палестина (УНРВА), во кое се сместени стотици раселени лица, било погодено во неделата.

На социјалните мрежи кружеа снимки од нападот на кој се гледа крв во училишниот двор, како и оган што гори во зградата што била цел.

На друга снимка, еден од раселените Палестинци, кој не го откри своето име, рече дека неколкумина се убиени и ранети затоа што „една од училниците во училиштето била бомбардирана од израелската армија“.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, во сила стапи четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1-ви декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза израелската војска продолжи со своите интензивни напади на Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени приближно 18.000 Палестинци, а ранети се над 49.229 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.