Макрон вети 150 милиони долари на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека ќе даде 150 милиони долари на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) за борба против сиромаштијата и климатските промени во руралните области.

ИФАД е агенција на Обединетите нации со седиште во Рим, која се занимава со решавање на проблемите со сиромаштијата и гладот во руралните области на земјите во развој.

Франција, исто така, вети 40 милиони евра за глобалниот фонд на ОН за образование во итни случаи и долготрајни кризи, Education Cannot Wait (ECW), од 2023 до 2026 година, рече францускиот државен секретар за развој и меѓународни партнерства Крисула Зачаропулу.