„Таа слепо му веруваше а тој ја искасапи“ Роднините на Ноа Миливојев раскажаа нови детали за убиството (фото)

Сестрата и тетката на убиената Ноа Миливојев (18) од Ковиље велат дека таа била прекрасно суштество кое никому не би направило зло.

– Монструмот ја маѓепса и владееше со неа! Таа дури и одеше кај него кога тој и’ се јави. Трчаше и беше многу заљубена во него, толку многу што му веруваше – велат и додаваат:

– Беше и зависник од дрога, користеше наркотични средства и се дрогиташе. Нашето девојче, слепо му веруваше.

Како што понатаму велат родителите на Ноа Миливојев, тие заминале во Белград.

– Кутрите не можат да се вразумат. Замислете некој да ви го убие детето – велат и додаваат:

– Монструмот ј искасапил. Жива ја исецка на парчиња! Тоа не е човечко суштество. Замислете каков монструм мора да бидете.

Ноа има брат близнак кој исто така е потресен од злосторството и убиството на неговата сестра.

Телото на исчезнатата Ноа Миливојев од Ковиље било пронајдено вчера во стан во центарот на Белград. Несреќната девојка била брутално убиена од нејзиното момче (33), кое го признало ова страшно злосторство.

Осомничениот со кого била во врска вчера е уапсена, а во полиција тврдел дека не се сеќава како ја убил, ниту кога и’ ги исекол деловите од телото и ги ставил во вреќи.

Според пријателите на Ноа, парот бил во врска околу една година.