Стар и докажан рецепт за ајвар: Нема грешка, а вака ќе ја направите најдобрата зимница во која ќе ужива целото семејство (фото)

Есента и зимата не можат да се замислат без ајвар, а бидејќи пиперката се користи во повеќето зимски рецепти, важно е таа да биде квалитетна.

Вистинскиот ајвар се прави од печени пиперки, масло, сол и шеќер. Во принцип, таму не се додава ништо друго, но ако сакате да биде позачинето, можете да додадете лута пиперка. Изберете црвена, права и долга, со правилна форма. Треба да биде што е можно посува, т.е. во месестиот дел од пиперката не смее да има многу вода.

Состојки:

1.25 кг пиперки;

2.250 мл масло;

1 лажица сол;

1 лажица оцет;

1 лажичка шеќер.

Подготовка:

Печете ги пиперките и ставете ги во најлонски кеси, па оставете ги да се изладат околу еден до два часа. После тоа, излупете ги пиперките и ставете ги во цедалка. Подобро е да ги оставите преку ноќ, бидејќи мора добро да се исцедат. Сомелете ги пиперките и додајте ги во тавата во која малку сте ја подмачкале со масло. Пропржете и измешајте, а маслото (250 мл) загрејте го во друга тава. Пиперките прелијте ги со врело масло и убаво измешајте, па продолжете со пржење. Треба да се пржи уште 2-3 часа со повремено мешање. Кога ќе го поминете со лажицата за мешање по дното и смесата не се соедини веднаш, тој е готов. На крај додадете шеќер, сол и оцет и убаво измешајте. Половина час пред крајот на пржењето, стерилизирајте ги теглите во рерна на 100°C. Во врели тегли сипете го врелиот ајвар и затворете. Вратете го во рерна и оставете уште еден час на 75°C.

Напомена:

Не го преварувајте ајварот, бидејќи маслото може да излезе на површината.