– Израелската армија соопшти дека испраќа денеска засилување против милитантите на Хамас кои се уште се на израелска територија, еден ден откако упаднаа преку границата од Газа.
„Непријателот се уште е на теренот во Израел“, изјави воениот портпарол Даниел Хагари на прес-конференција.
„Ги зајакнуваме нашите сили, особено во близина на Појасот Газа“, рече тој, додавајќи дека армијата погодила 800 цели на Хамас во крајбрежната енклава.