– Израелската Армија издаде нова наредба за евакуација на жителите на целиот град Газа утрово и предупреди на голем напад како дел од планот за окупација.
Израелската Армија е „решена да го елиминира Хамас и ќе дејствува во подрачјето на градот Газа со голема сила, како што дејствуваше во различни делови од Појасот (Газа), објави портпаролот на Армијата, Авичај Адрае, на американската компанија за социјални медиуми X.
Тој ги повика жителите „веднаш да се евакуираат преку улицата Ал-Рашид кон хуманитарната зона во Ал-Маваси“.
„Останувањето во областа е исклучително опасно“, додаде портпаролот.