Израелската армија ја прошири копнената офанзива во градот Газа и ги повика Палестинците да го напуштат градот
– Израелската армија објави проширување на својата копнена офанзива во градот Газа и ги повика жителите „веднаш да го напуштат градот“.
Портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, на платформата на социјалниот медиум на американската компанија X објави дека израелската армија ја проширила својата копнена офанзива во градот Газа.
Адраи во објавата тврди дека областа Маваси во Хан Јунис, во јужна Газа, е прогласена за „хуманитарна зона“ и ги повика жителите на Газа веднаш да го напуштат градот.
Адраи тврди дека жителите на Газа би можеле да го напуштат градот преку улицата Рашид „без претрес“.
Посочувајќи дека во областа Маваси има основни човечки потреби како што се теренска болница, лекови, храна и вода, Адрае тврди дека хуманитарната помош ќе биде доставена до Маваси во соработка со Обединетите нации и меѓународните организации.
Израелската армија претходно во повеќе наврати го прогласи регионот Маваси за „хуманитарна зона“, но и покрај тоа, ги напаѓаше и Палестинците кои отидоа таму и шаторите на раселените Палестинци од Маваси.
– Нападите на Израел врз Појасот Газа
По прекинот на огнот во Појасот Газа што стапи на сила на 19 јануари, израелската армија ги продолжи своите жестоки напади утрото на 18 март.
Најмалку 64.300 Палестинци се убиени, а 162.005 се повредени во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Откако Израел го прекрши прекинот на огнот на 18 март, во нападите врз Газа убиени се 11.768 Палестинци, а 49.964 се повредени.
Од 27 мај досега, бројот на убиени Палестинци во систематските напади насочени врз Палестинците на таканаречените точки за дистрибуција на хуманитарна помош, организирани од Израел и САД, се искачи на 2.362, а бројот на повредени на 17.434.