Израелската Влада остро ја осуди манекенката Џиџи Хадид за споделување на пропалестинска порака: “Ако не го осудувате ова, вашите зборови ништо не значат!“

Џиџи Хадид се соочува со остри реакции од израелската влада откако сподели порака за поддршка за Палестина во време на крвавата војна меѓу Хамас и Израел, пишува Page Six

Во текот на викендот, манекенката чиј татко, Мохамед Хадид, е Палестинец, повторно објави објава на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм во која пишуваше:

Нема ништо еврејско во односот на израелската Влада кон Палестинците. Осудувањето на израелската Влада не е антисемитизам и поддршка на терористите и поддршка на Хамас“.

Сепак, на официјалниот профил на државата Израел се појави реакција на објавата на Џиџи Хадид. Тие направија скриншот (фотографија од екран) од нејзината објава и сами ја реобјавија со порака.

Нема ништо храбро во масакрот на Хамас врз Израелците. Осудувањето на Хамас за она што е ИСИС не е чекор против Палестина, а поддршката на Израелците во нивното право против варварските терористи е вистинската работа“, се вели во нивната објава. 

Потоа тие директно и се обратиле на Џиџи Хадид, прашувајќи ја дали спиела минатата недела.

Или за вас е сосема добро да замижувате пред колењето на еврејските бебиња во нивните домови ? Вашата тишина јасно стави до знаење каде стоите“, заклучија тие. 

Израелската Влада објави и фотографија од крвава спална соба на едно дете и напиша:

Ако не го осудувате ова, вашите зборови НИШТО не значат“.

Џиџи Хадид

Минатата недела манекенката јасно го осуди тероризирањето на невини луѓе по катастрофалните напади врз ИзраелЏиџи Хадид објасни дека иако има длабоко сочувство и скршено срце за палестинската борба и животот под окупација, таа чувствува „одговорност“ да разјасни каде стои.

Иако имам надежи и соништа за Палестинците, ниту еден од нив не вклучува повредување на Евреите. Тероризирањето невини луѓе не е во согласност и не му прави добро на движењето ‘Слободна Палестина’“, им посочи Џиџи Хадид на другите, заклучувајќи дека секој човек заслужува основни права, третман и безбедност; без разлика на националност, религија, етничка припадност или каде се родени. 

И Џиџи Хадид и нејзината сестра Бела Хадид со години се гласни застапници за Палестина. Сепак, Бела Хадид допрва „треба“ да зборува за актуелната војна.