Израелската војска го уби командантот на Хезболах во Јужен Либан: Погоден е со дрон

Хезболах во понеделникот тагуваше за шестмина свои членови кои беа убиени во судирите со израелската армија, со што бројот на жртвите на групата се искачи на 308 од 8 октомври минатата година.

Израелската војска во вторникот потврди дека нејзините сили убиле висок воен командант на либанската група Хезболах во воздушен напад во јужен Либан.

Во соопштението, израелската војска го идентификуваше командантот на Хезболах како Касем Саклави, кој беше цел на израелско беспилотно летало во областа Тир.

Се додава дека Саклави е „одговорен за планирање и извршување на ракетни и противтенковски напади“ на северен Израел.

Во меѓувреме, израелската војска, исто така, соопшти дека нејзините воени авиони гаѓале локација за лансирање ракети на Хезболах во областа Рамија во јужен Либан.

Хезболах во понеделникот тагуваше за шестмина свои членови убиени во судирите со израелската армија, со што бројот на загинати од 8 октомври минатата година се искачи на 308.

Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив ја продолжува смртоносната офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 35.500 луѓе од нападот на Хамас во октомври минатата година.