Израелска армија: Хамас сè уште држи 215 заложници, не знаеме дали се живи

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Дорон Шпилман изјави дека милитантите на Хамас сè уште држат околу 215 заложници во Појасот Газа.

Според него, во Газа се уште има околу 215 заложници, но не се знае дали се живи.

На 24 ноември, палестинските милитанти ослободија 13 Израелци, меѓу кои и четири деца. За возврат, Израел се согласи да ослободи 39 Палестинци и 11 странски државјани.

На 22 ноември Хамас извести за постигнување договор со Израел, со посредство на Катар и Египет, за четиридневно хуманитарно примирје во Појасот Газа.

Движењето потврди дека договорите предвидувале ослободување на 50 жени, деца и тинејџери кои се држат во енклавата во замена за ослободување на 150 жени, деца и тинејџери од израелските затвори. Прекинот на огнот во енклавата стапи на сила во петокот во 7 часот по локално време.