Израелскиот гигант купи грчка одбранбена компанија

Израелската аероспејс индустрис ќе плати околу 60 милиони евра за купување на Интраком дифенс, јавуваат грчките медиуми.

Грчка одбранбена компанија е купена од голема израелска одбранбена компанија, објавија во вторник грчките медиуми, пренесува Анадолија.

„Intracom Defence (IDE), подружница на групацијата Intracom Holdings, потпиша договор за продажба на 90,91 отсто од своите акции на Israel Aerospace Industries (IAI) за околу 60 милиони евра (65,75 милиони долари)“, објави државната новинска агенција АМНА. додавајќи дека се очекува работата да биде завршена до вториот квартал на 2023 година.

Се додава дека IDE, кој е специјализиран за производство на ракетни фрлачи, ракетни потсистеми и копнени и морски тактички комуникации, ќе биде интегриран во деловните активности на IAI во Грција и Европа.

IAI, во сопственост на израелската држава, е меѓу најголемите одбранбени и воздушни компании во светот.