Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан во Брисел изјави дека ова не е 1943 година и дека Израел е силен и обединет.
„Тешко сме погодени. Но, ова не е 1943 година, туку 2023 година. Ние сме исти Евреи, но имаме различни способности. Државата Израел е силна. Ние сме обединети и моќни“, рече Галан на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека палестинската милитантна група Хамас е иста како ИСИС (Исламска држава).
„Хамас е ИСИС во Газа, дива организација финансирана и поддржана од Иран“, рече Галан.
Тој рече дека ИСИС нема да постои во Газа и дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе го уништат Хамас.
Ќе ги ловиме до последниот човек кој има крв од нашите деца на рацете“, изјави израелскиот министер за одбрана, пренесе Танјуг.